Цените на сите производи на www.kupisega.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.

КУПИ СЕГА го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

За купување на производи преку www.kupisega.mk важат редовните малопродажни цени. Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи. Согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на КУПИ СЕГА. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, КУПИ СЕГА има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.