Процедурата за купување на рати е многу едноставна и е овозможена во соработка со Kreddy.mk. Kreddy е краткорoчен кредит кој Ви овозможува позајмување на парични средства за временски период од 3 до 12 месеци.

Процедурата за купување на рати е следнава:

  • Изберете го производот што сакате да го купите на рати и ставете го во кошничка (минималната вредност треба да биде 3000.00 ден.).
  • Кликнете на Продолжи кон Наплата и тамо внесете ги вашите податоци, Изберете “Платете од 3 – 24 рати со Креди” и кликнете на НАПРАВИ НАРАЧКА.
  • На следната страна изберете број на рати, внесете го вашиот ЕМБГ и број на лична карта или пасош, согласете се со условите и кликнете на АПЛИЦИРАЈ СЕГА.
  • Во рок од 15 мин. (во работен ден) или следниот работен ден, ќе ве контактираат од KREDDY за да ги потврдат внесените информации и да ве известат за статусот за одобрување.
  • По одобрување на кредитот, ние ви го испорачуваме производот до адресата која сте ја навеле во нарачката.

Кои се условите за аплицирање за кредит:

Условите за аплицирање за кредит ги пропишува KREDDY и може во секој момент да ги прочитате на нивната страна https://kreddy.mk/faq-page/#osnova и во моментов се следнивe:

Да имате минимум 18 години, максимум 70 години • Да сте државјанин на Република Македонија • Да поседувате своја трансакциска сметка • Да имате своја електронска адреса (e-mail) • Да поседувате свој мобилен телефонски број • Да имате редовни месечни примања по основ на плата / пензија. • Да сте кредитноспособни